Запознајте го нашиот партнер – Васко Боризовски

Сподели

Во оваа статија ќе се запознаете со Васко Боризовски, партнер на Mr. New Life.

Во ова интервју Васко ќе ни раскаже накратко што е неговата мотивација во животот и како Mr. New Life му го има променето животот.

Што за Вас претставува Mr. New Life?

За мене Mr. New Life претставува една прекрасна академија која нуди различни можности и отвара хоризонти за различни видови на online работа и заработка . Прекрасна атмосфера на тимот и несебична поддршка и соработка.

На што Вие најмногу се гордеете?

Се гордеам на моето животно искуство кое што ми овозможило да го гледам животот од еден поинаков агол, од антрополошка перспектива. 

Која е Вашата патека на успех? 

Дисциплина, работа, едукација, нешто што оваа Академија  несебично го споделува.
Пријатна атмосфера и целосна поддршка од тимот.

При пад на енергијата, на кој начин си ги полните батериите?

Па јас би рекол дека мојот син е најзаслужен за оддржување на таа енергија и мотивација да успеам во животот и да бидам негов Role Model.

Што Ви се случува Вам откако се зачленивте во Mr. New Life  

Па јас би рекол, самата атмосфера и самите насоки кои се даваат во програмата, во едукацијата го наметнуваат начинот на размислување и отварање на тие хоризонти како  да се согледа можноста повеќе да се заработува.
Со самото членство во Академијата ми се отвараат нови можности како Social Media Marketing.

Погледнете го во целост интервјуто со Васко