Во оваа статија ќе се запознаете со Младен Василевски, еден од најстарите партнери на Академијата Mr. New Life.
Дознајте што имаше Младен да сподели за неговото искуство, мотивацијата и како Академијата Mr. New Life му помогна да си го промени животот.
Здраво Младен, ти си еден од нашите најстари партнери. Кажи ни накратко како започна твојата приказна со нас?
Се започна пред околу година ипол. Во пресрет ми дојде Мирко со неговата Академија за Дигитален Маркетинг.
Почнав да учам, започнав бизнис и така видов уствари колку може да се добие со дигитален маркетинг, колкава е неговата големина.
Која ти беше мотивацијата повторно да соработуваш со нашиот тим?
Мотивацијата започна уште кога го почнав првиот проект, со Дигиталниот Маркетинг и нормално со оваа Академија.
Така да,после се последователно се надополнуваше, Мирко повторно ми дојде во пресрет. Пак Академијата Mr.New Life со еден проек што е одличен.
Ја видов големината уште пред да започне целата програма и се покажа дека не сум погрешил.
Што се промени во твојот живот откако започна со Mr. New Life?
Па практично се. Првично мојата самодоверба, приходот на средства, многу познанства, партнерства и навлегов уште повеќе во дигиталниот свет.
На што најмногу се гордееш?
На самиот себе си.
Кои се твоите препораки до нашите членови?
Да бидат упорни, да учат, да работат и да читаат книги и да не се откажуваат. Да бидат мотивирани и дисциплинирани.
Која е патеката на твојот успех?
Дисциплина, работа и само работа.
Погледнете го во целост интервјуто со Младен