Запознајте го нашиот партнер – Лука Здравески

Сподели

Во оваа статија ќе се запознаете со Лука Здравески, партнер на Академијата Mr. New Life.

Лука е нашиот најмлад партнер и ќе ни раскаже накратко што беше неговата инспирација за веднаш после средното образование да стане наш партнер

Како еден од најмладите наши членови, што беше инспирацијата/мотивот да започнеш со нашата Академија?
Последната година од моето средно образование барав начин да не се вработам после средно. Пробував онлајн бизниси, учев вештини. Едноставно пробував се. И буквално само што завршив средно го запознав Мирко (како кец на ракав) со неговата академија и почнав да заработувам за себе.

Кои беа твоите најголеми стравови при упис во Академијата и како ги надмина истите?
Немам стравови затоа што видов се што Мирко има изградено, верувам во проектот, верував уште на самиот почеток и покрај тоа што потешко ми одеше на почеток упорен бев затоа што стварно верував во проектот. Со Мирко и со неговата сопруга видов дека имаме ист mindset, исти цели, така да искрено немав стравови, само упорност.

Како го поминуваш  поголемиот дел од денот?
Реално сум посветен на личен развој. Гледам секој ден да сум подобар минимум барем еден процент од претходниот.

Како да препознаат другите дека оваа Академија е вистинскиот избор за нив?
Доколку сакате да сте шеф на своето време и да заработувате за вас, ова  е за вас.

Кој Ви е најомилен и најнеомилен дел од Академијата?
Најомилен ми е слободата и дружењето. Тоа што сме опкружени со луѓе со иста цел кои што размислуваме на ист начин, си помагаме едни со други, дружењето, забавата пред се, се разбира. Конекциите кои ги запознаваме. Најнеомилен, незнам, немам.

Дали сте спремни да направите се што е потребно да се промените себе си со цел да постигнете резултати во иднина во вашиот живот и во вашата работа?
Секогаш

Погледнете го во целост интервјуто со Лука