Во оваа статија ќе се запознаете со Горан Цековски, партнер на Академијата Mr. New Life.
Горан ќе ни раскаже накратко како започна неговото дружење со нас и кои одлуки му го имаат променето животот
Здраво Горан, раскажи ни накратко како започна твоеото дружење со нашата Академија?
За Мирко и неговата академија знам веќе неколку години, но за жал тогаш не се одлучив да се приклучам. Се обидував сам да направам свој онлајн бизнис. Имав неколку обиди до сега. Повеќето неуспешни. Дел од нив со мали, незначителни успеси и кога се појави овој проект Mr. New Life решив да се приклучам, бидејќи Мирко за мене беше естаблиран како експерт во дигиталниот маркетинг во светски размери.
Може ли да наведете една одлука која во вашата кариера која драстично ви го променила животот?
Одлуката да ги следам инструкциите што се во академијата и да работам буквално според чекорите кои што се наведени во обуката.
Дали имате краен рок за остварување на вашите цели? Доколку одговорот е да, по кои критериуми го одредувате рокот?
Имам повеќе цели и краен рок. Критериумите според кои одредувам кога би ги постигнал тие цели ги вадам од резултати што се постигнуваат до сега кои што јас ги имам постигнато со академијата и од знаењата кои што ги добивам од самава академија
Омилен филм на кој постојано му се навраќаш?
“The pursuit of happyness” со Will Smith
Прашање кое би му го поставил на следниот учесник на ова интервју?
Дали сте спремни да направите се што е потребно да се промените себе си со цел да постигнете резултати во иднина во вашиот живот и во вашата работа?
Кој е твојот совет за нашите членови?
Порака/совет за следните ученици е тоа дека методите функционираат. Eдинствено нешто што треба да се прави е да се следат чекорите и да се работи. Резултатите се неизбежни, доколку се работи според инструкциите што ги имаме во академијата.
Погледнете го во целост интервјуто со Горан