Запознајте го нашиот партнер – Аница Ќосева

Сподели

Во оваа статија ќе се запознаете со Аница Ќосева, партнер на Академијата Mr. New Life.

Дознајте што имаше Аница да сподели за нејзиното искуство и причината зашто се одлучула да стане наш член, како и што е тоа што ја мотивира во животот

Здраво Аница, зошто Mr. New Life?
Токму Mr. New Life, затоа што Mr. New Life ми го понуди токму она што од секогаш мене ми недостигало. Низ образовниот процес да можете да применете и процес низ кој што ќе се обучувате. А во тој процес притоа да имате еден тим од техничка поддршка и еден личен свој ментор кој што ќе ве води низ програмата. Дополнително на тоа е едноставноста во начинот на приказот на тој едукативен концепт, таа едукативна прорама што всушност е толку едноставна да може секој да ја совлада. Со видеа, со алатки кој што се изготвени…Слободно можам да кажам дека некои учебници од по 1000 страни се ставени во едно видео од 15 минути.

Кој е најкорисниот совет што си го добиле во животот?
Да внимавам од кого барам совет и кого слушам

Како ја оддржуваш мотивацијата во твојот тим?
Тимот пред се го мотивирам со споделување на постигнати резултати на останати партнери во академијата. Споделувам методи, алатки, се она за кое што сметам дека ќе им придонесе во начинот на размислување и начинот на нивната работа и изведба во програмата. И несебично го споделувам своето стекнато искуство. И ако е кратко, меѓутоа добро и големо искуство во академијата на Mr. New Life

На деловен план, што те инспирира?
На деловен план од секогаш ми претставувале инспирација големи нешта. Друштва, корпорации каде што се нудат и даваат можности за брз и голем раст и развој. Тоа се всушност компании кои што работат маркетинг, а во денешно време пред се најмногу и дигиталниот маркетинг. За мене предизвик од секогаш бил дигиталниот маркетинг. Но, сум сметала дека немам можност или не би можела тоа да го совладам. Е токму ова е тоа, Mr. New Life

Што според тебе треба да поседува еден успешен ученик?
Еден успешен ученик потребно е да има желба за работа, да се едуцира. Едукацијата е неминовна. Посветеност, дисциплина и желба за личен развој. Тоа се петте клучни особини кои што е потребно да ги поседува еден ученик

Порака до нашите членови
Никогаш не престанувајте да вложувате во себе. Она што ќе вложите во себе, всушност не може никој да ви го земе. Тоа е ваше лично богатство.
И тоа е она што ќе ве движи напред во животот секогаш.

Погледнете го во целост интервјуто со Аница