Запознајте го нашиот партнер – Нора Шаќири Марковиќ

Сподели

Во оваа статија ќе се запознаете со Нора Шаќири Марковиќ, партнер на Академијата Mr. New Life.

Нора ќе ни раскаже накратко на што е најмногу горда откако започна нејзиното патување со нас и како воспоставува баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот

Здраво Нора, како дозна за нашата Академија и што беше клучниот момент за да станеш наш член?
Јас сум жена која работи на повеќе фронтови. И тоа некако го правам постајано низ животот, односно во изминативе 20тина години колку што се занимавам професионално, односно го правам приватно. Во последно време некако ми се отвори многу слободно време и сакав да пробам нешто ново, а при тоа да биде едукативно и биде нешто што е модерно и серазбира на крајот на денот доходовно. Сфатив дека сакам друг вид на маркетинг и почнав малку повеќе да истражувам, дојдов до сознание за Mr. New Life. Веднаш стапив во коминкација со сега веќе мојата менторка. На прва се разбравме, на прва сфатив што е целата приказна и се одлучив за Mr. New Life затоа што е навистина еден посебен, посебен дел во однос на онлајн маркетинг.

 Како наш партнер на што најмногу се гордееш?
Па се гордеам секако на секој успешно завршен месец. Инаку се гордеам на тоа што некако како да се вратив во студентските денови, затоа што јас сум тука сеуште условно наречено студент и уште еднаш ми се потврди тоа дека со сериозна дисциплина и посветеност човек може да постигне резултати во делови за кои што мислел дека можеби никогаш нема да постигне.

Со оглед на фактот дека работиш од дома, на кој начин воспоставувш баланс помеѓу работата и приватниот живот?
Нема баланс кај мене, јас Ви го одговорив ова прашање во првото прашање кое што ми го поставивте. Значи работам на повеќе фронтови, нема баланс. Не сум од оние луѓе кои што седат и ќе се занимаваат со една работа и нема да излезат од својата комфорт зона, така да ајде ако веќе сакате да чуете за баланс. Веројатно, мојот син е оној кој што ми ги балансира работите.

Имаш ли некоја вештина која си ја развиле со текот на времето и искуството која ја сметаш за клучна во своето работење?
Многу дисциплина и сериозен фокус на она што го работите. А јас тоа го имав некаде по патно го изгубив, но сега во Академијата Mr. New Life си го вратив повторно она што го изгубив.

Што според Вас треба да поседува еден успешен ученик?
Да биде многу сериозен, да биде многу фокусиран, да сака да се едуцира, да не ги прескокнува рабтотите, да не трча, да оди чекор по чекор, затоа што тука во Mr. New Life буквално прво лазиме, после тоа се исправаме и почнуваме да одиме, односно застануваме на свои нозе и цврсто газиме на земја

Погледнете го во целост интервјуто со Нора